fbpx

Мартина и Марко, мечињата од скопската ЗОО, уживаат на швајцарските Алпи

Една година откако заминаа, од швајцарскиот резерват „Ароса“ постојано објавуваат видеа и фотографии од двете мечки, кои живеат заеднички со уште две, спасени од Албанија

-

Пред скоро точно една година, на 21 мај мечките Мартина и Марко од скопската Зоолошка заминаа во преубавиот Ароса парк во Швајцарија. Мечињата се брат и сестра, но тие со години живееја одделно, во две различни живеалишта, и само се мирисаа, но не се гледаа.

Од скопската Зоолошка градинка и здружението Four Paws International лани заеднички одлучија дека најдобро решение за благосостојба на мечките ќе биде да заминат во еден од резерватите на Four Paws, во Швајцарија.

Тина Мицковска, активист за правата на животните беше главен иницијатор за соработката и патувањето на мечките. По краток период на адаптација, во резерватот „Ароса“ се случи и првата средба на Марко и Мартина, чии имиња сега се Сем и Џамила.

Оттогаш, од „Ароса“ постојано објавуваат видеа и фотографии од двете мечки, кои живеат заеднички со уште две, спасени од Албанија. На последните фотографии објавени фотографии тие уживаат во живописната природа на Алпите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...