fbpx

Продолжува потрагата по Мартин во водите на Егејско море

-

Грчката крајбрежна служба и денес ја продолжува потрагата по 28 годишниот Мартин, кој во саботата попладнето исчезна во Егејското море кај Халкиди. Спасувачки екипи со три пловни објекти и четири патролни возила од утрово го бараат туристот од Северна Македонија. Денес се очекуваво потрагата да се вклучи и авион бидејќи временските услови се поповолни од претходните 24 часа.

Вчера грчката крајбрежна стража го пребаруваше крајбрежјето, а вклучен беше и подводен дрон. На Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во Соединетите Американски Држави.

Тој и понатаму се води како исчезнат откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

На 9 јули, 30 годишниот Иван, заедно со неговите двајца другари, Васил (25 г.) и Мартин (28 г.) го прославувал својот роденден на плажата Митис, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Васил и Мартин решиле да влезат во морето да се искапат, но додека да забележат дека морските струи се исклучително силни веќе било предоцна да се вратат. Иван сфатил дека нешто не е во ред. Гледајќи дека неговите пријатели се во опасност, 30-годишникот донел одлука да влезе во водата за да им помогне. Но, силните морски струи – кои ги спречуваат дури и мештаните да пливаат таму – го однеле и него.

Како малата кожна топка на Танос и Трифон му го спаси животот на Иван

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека во текот на вечерните часови мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј.  била пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.

Грчките медиуми објавуваат листа на најопасните плажи во Грција меѓу кои се и Митис кај Посеиди затоа што тука се спојуваат Солунскиот Залив со Егејското Море, а заради плимата и осеката се менува и движењето на морските струи. Кога дува јужен ветер свртува кон местото Посеиди, а кога дува северен ветар, тогаш струењата се менуваат кон Солунскиот залив.

При одредени климатски услови, голем број плажи во Грција се затвораат за посетители, а меѓу нив се и плажите Лаларија (Скијатос), Матала (Крит), Нас (Икарија), Хорефто (Пелион), Платиа амос (Кефалонија), Калами (Китира)…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...