fbpx

Мартин Безак: Охрид е стожерот на словачко-македонските културни врски

-

Охрид е стожерот на словачко-македонските културни врски од времето на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, па сè до денес, изјави денеска амбасадорот на Република Словачка во земјава, Мартин Безак, во рамките на промоцијата на стихозбирки на двајцата великани на словачката книжевност, Мирослав Валек и Војтех Михалик.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред македонската публика беа претставени неодамна објавените стихозбирки на македонски јазик, „Минута пред заспивање“ од Мирослав Валек и „Еротикон“ од Војтех Михалик.

Преводот е на Стојан Лекоски, а препевите се од Матеја Матевски („Минута пред заспивање“ ) и од Тоде Илиевски („Еротикон“).

Писателот Тоде Илиевски имаше осврт за авторите и за објавените стихозбирки, додека актери од Охридскиот театар читаа песни од двајцата словачки автори.

Промоцијата ја организираше Институтот за традиционални вредности – Здружение за култура и соживот со природата (ИТВ-ЗКСП) од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...