fbpx

Маричиќ најави реформи во судството и отворени советнички листи на локалните избори

-

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска одржа прес-конференција по повод добиеното мандатно писмо од страна на премиерот Зоран Заев.

Во мандатното писмо на Маричиќ се наведени обврските и реформите кои треба да ги спроведе, а се однесуваат на судството и обвинителството, евроинтеграциите, Изборниот законик и подобрување на услугите кон граѓаните.

Маричиќ смета дека независноста и ефикасноста на судската власт се клучни за враќање на довербата на граѓаните, но и за воспоставување еднаквост пред законот преку подобра контрола врз извршната и локалната власт.

„Најприоритетната задача е да спроведеме длабоки и суштински реформи во правосудството, односно да започнеме процес на ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството“, истакна Маричиќ, додавајќи дека моделот за прочистување треба да биде завршен во првите сто дена од неговиот мандат.

Ова подразбира проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Судскиот совет, пак, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично.

Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувач.

„Како дел од процесот на прочистување, најавувам и ревизија по случаен избор на 5 проценти од предметите од висок профил, на случаи кои застариле да се утврди причината, колку се тие причини објективни, колку се тие субјективни и каде е изворот на проблемот со застарување на предметите“, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека на врвот на листата на приоритетите е и успешен почеток и непречено спроведување на пристапните преговори со Европската Унија за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Маричиќ информираше дека во моментот се договара преговарачката рамка и истакна дека очекува првата меѓувладина конференција можеби ќе ја имаме до крајот на годинава.

Министерот за правда најави и измени на Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори што ќе се одржат наредната година.

„Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните претставници со нивните сограѓани“, изјави Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...