fbpx

Маричиќ: Нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите

-

Министерот за правда Бојан Маричиќ на дискусијата за заштита на новинарите, организирана од Шведската амбасада, кажа дека приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говор и непреченото работење на новинарите и медиумските работници.

„Со моето доаѓање на позицијата министер за правда започнавме интензивно да работиме на измени на Кривичниот законик со цел поголема заштита на новинарите. Измените се веќе готови и се во владина процедура. Најважно е што во иднина нападот на врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа предвидени се и затворски казни до три години. Дополнително со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана“, истакна Маричиќ.

Според министерот, доказ дека има напредок во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт Департментот, во кои покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи.

Министерот уверува дека и заложбата на Владата на ова поле е голема и дека нема отстапување од намерата за поголема правна заштита на новинарите.

Во денешниот извештај Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите 2020, кој денеска беше презентиран од Здружениети на новинари на Македонија (ЗНМ), се вели дека лани нема сериозни промени во медиумската сфера, но има зголемување на трендот на напади, односно состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници не е подобрена за разлика од минатата 2019 година туку, напротив, е влошена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...