fbpx

МАПАС: Истекува рокот за поднесување на Изјава за членовите со бенифициран стаж

-

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), информира дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Согласно законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 ноември 2019 година.

„Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите до овој рок не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 декември 2019 година. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување. Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија“, информираат од МАПАС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...