fbpx

Мандатот на Киро Здравев заврши, Павлина Црвенковска е новата претседателка на Судскиот совет

-

Со 12 гласа „за“, членовите на Судскиот совет денеска ја избраа Павлина Црвенковска за нова претседателка на советот. Таа го наследи досегашниот претседател Киро Здравев, на кого денеска му заврши мандатот. Мандатот на новата претседателка на Судскиот совет на РСМ е две години.

Во изјава за медиумите, Павлина Црвенковска рече дека актуелниот состав на Судскиот совет со неа како претседател ќе направи максимални напори за да го подигне дигнитетот на правосудниот систем и да ја подигне довербата на граѓаните во правосудството.

„Ветувам дека нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте денеска, со целиот професионален интегритет ќе ја извршувам функцијата. Јас како претседател ќе го претставувам Судскиот совет, претседателот по функција претседава со седниците, раководи, потпишува одлуки и решенија, а воедно е и претседател на Судскиот буџетски совет. Функцијата ја сфаќам како прва меѓу еднаквите, ние сме колективно тело и одлуките ги носиме со мнозинство на гласови“, изјави новата претседателка.

Павлина Црвенковска е најновиот член на Судскиот совет, којшто беше избран од Собранието на РСМ во декември минатата година. Во периодот од 2006 до 2020 година била судски советник во Апелациониот суд во Скопје, додека помеѓу 2004 и 2006 година била советничка во кабинетот на Владо Бучковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да...
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
udemy paid course free download
download xiomi firmware
Download WordPress Themes
free download udemy paid course