fbpx

Манчевски со предавање на „Оксфорд“

-

Режисерот Милчо Манчевски е ангажиран од Универзитетот „Оксфорд Брукс“ да гостува во оваа високообразовна институција во Велика Британија. Поканата подразбира проекција на „Пред дождот“, како и прикажување на други делови од опусот на Манчевски. Предавањето и разговорот со публиката на 22 февруари се со фокус на целокупниот опус на Манчевски, со издвојување на улогата на поетскиот јазик во неговиот кинематографски израз.

На „Оксфорд“ се изучува „Пред дождот“, добитник на наградата „Златен лав“ во Венеција. Овој филм, но и целокупниот опус на Манчевски се изучуваат на уште неколку стотини други универзитети во светот, од Калифорнија до Кина, од Бразил до Русија, од Австралија до Германија. Овој филм е дел и од наставната програма во средните училишта во Италија.

Еден од поранешните студенти на „Оксфорд Брукс“ е Павел Павликовски, режисерот на „Ида“, годинешниот најдобар европски филм според Европската филмска академија. Неговиот филм е номиниран и за годинешниот „Оскар“.

Минатата година Манчевски беше гостин и на соседниот универзитет „Кембриџ“. Покрај неговите активности како сценарист, режисер, писател и фотограф, тој веќе подолго време се занимава и со образовна дејност на светските универзитети, како раководител со Катедрата за режија на постдипломските студии при Њујоршкиот универзитет, но и со предавања и продукциски проекти на рускиот државен универзитет ВГИК во Москва (каде на Манчевски му беше доделен почесен докторат), „Јеил“, Кинотеката во Ханој, Кинотеката во Болоња, германскиот државен филмски универзитет „Бабелсберг“ (Германија), Бразил, Сингапур, Индија, итн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...