fbpx

Манчевски: Оригиналите и копиите од записниците од изборите покажуваат различни бројки

-

„Сè уште ги пребројуваме гласовите, сите опции се отворени. Ќе почекаме до крајот на денот за да можеме финално да кажеме колку мандати имаме освоено“, рече денеска Дамјан Манчевски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија.

– Сведоци сте дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати затоа што премногу се мали разликите во премногу места. Ги собираме записниците од терен, може да има промена. Ја имаме апсолутната бројка на гласови, но таа не е важна. Ги собираме сè уште записниците, ги имаме од вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Ќе ве замолам да почекате да заврши броењето – рече Манчевски.

На новинарско прашање што ќе се случи со министрите и со дополнителните заменици министри од СДСМ и дали тие ќе се повлечат, Манчевски рече дека треба да се почекаат официјалните резултати за да може да се потврди дека, како што рече, со режимот е завршено.

Тој го повтори ставот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека победиле „режим со пенкало и со глас“ и им се заблагодари на сите граѓани.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download lenevo firmware
Free Download WordPress Themes
online free course