Манчевски: МРТ нема да одговара пред Владата, само пред Собранието

-

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон разговараа за реформите во медиумската сфера, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и за јавниот радиодифузен сервис.

Манчевски се осврна на промените во начинот на финансирање на МРТ и на воведувањето на четврти канал за малцинските заедници.

– МРТ нема повеќе да биде доведена во состојба да бара дополнителна финансиска поддршка од Владата, како што беше тоа случај кога средствата собрани од радиодифузната такса не беа доволни. Ова ќе придонесе кон стабилно финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, односно тие повеќе нема да зависат од процентот на наплата на радиодифузната такса. На овој начин МРТ повеќе нема да треба да одговара пред Владата, туку со својата програма одговара само пред Собранието – истакнал Манчевски.

Амбасадорот Стефансон ги поздрави заложбите на МИОА за реформите кои ќе придонесат кон независен и силен јавен радиодифузен сервис.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...