Манчевски и Папас разговарале за поевтинување на роамингот со Грција

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во Софија со грчкиот колега, министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми Никос Папас разговарал за намалување на цените за роминг помеѓу Македонија и Грција.

Двајцата министри се согласиле заедно со операторите од Македонија и Грција да се сретнат во Македонија на крајот на јули, за да се разговара за конкретните решенија и временската рамка за процедурата за намалување на цените, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

На средбата одржана во текот на Дигиталното собрание што се организира од бугарското претседателство со ЕУ, Папас зборувал и за искуството на Грција во делот на дигитализација на администрацијата и дигитализација на земјоделството и напоменал дека Грција е подготвена да ги презентира своите постигања и примери. Понатамошната соработка на тој план ќе се договара на средбата во јули.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...