fbpx

Малта: ЕУ инсистира на забавување на бранот мигранти

-

Европските челници инсистираат да се продлабочат напорите за обесхрабрување на економските мигранти и да се најде начин да се вратат дома илјадниците кои немаат право на азил.

Челниците на ЕУ и на африканските земји денеска почнаа втор круг разговори во Малта, додека Европејците настојуваат да постигнат спогодба за миграција со поединечни африкански земји.

Еден договор е потпишан со Етиопија во средата. Земјите како што се Мароко, Тунис и Египет би можеле да го следат тој пример во замена за милиони евра за развојна помош.

Суданскиот министер за внатрешни работи, Ибрахим Гандоур, изјави дека се увидува „можноста за соработка, особено на полето на миграција“.

– Се надевам дека ќе добиеме поддршка, особено на полето на управување со границите, стабилноста и со услугите – рече Гандоур, додавајќи дека неговата земја има „ограничени ресурси“.

Гамбискиот министер за трговија, Абдоулие Џобе, изјави дека неговата земја се надева на комбинација од парична и од проектна поддршка за да ги мотивира луѓето да не заминуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...