Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале неговата малолетна ќерка и ја допирале по телото, при што едно од нив се соблекувало пред неа. Известен бил јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.