Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14 годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16 годишникот

Фото: Мета.мк

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15 годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14 годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16 годишникот, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола“, информираат во МВР.