Дванаесетгодишна малолетничка од Велес вчера физички нападнала малолетно девојче од 11 години, а случајот бил пријавен во СВР Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните“, соопшти МВР.

Покрај ова, се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.