Експлицитни фотографии од малолетничка од Скопје биле објавени на социјални мрежи од нејзиното поранешно момче-малолетник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 21 мај во СВР Скопје, 42 годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.