Мал интерес за возот кон Белград и Солун, ќе сообраќа само до 16 септември

Бројот на патници кои патуваат со воз кон Белград и Солун од година во година се намалува, а со тоа постанува непрофитабилно да се одржува експресниот воз во текот на целата година

-

И годинава експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и Солун ќе сообраќа само до крајот на летото. Единствената железничка врска за македонските патници кон странство ќе престане да сообраќа на 16 септември. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ велат дека возот годинава сообраќа како сезонска линија токму поради економски причини.

Бројот на патници кои патуваат со воз кон Белград и Солун од година во година се намалува, а со тоа постанува непрофитабилно да се одржува експресниот воз во текот на целата година.

– За втората половина од месец јуни 2018 година имало 642 патника, а истиот период од 2019 година – 385 патника – посочуваат од Железници на РСМ – Транспорт.

Намалувањето на интересот за возот како превозно средство е првенствено поради времетраењето на патувањето. Според актуелниот возен ред, на возот меѓу Скопје и Белград му се потребни 9 часа и 55 минути за да го мине целокупното растојание. Со изградбата на автопатот во Грделичката клисура, како и со воведувањето на заедничката гранична контрола на Табановце, на некои автобуски линии им е потребно двојно помалку време за да ја минат идентичната релација. Во делот на железницата, заедничката гранична контрола на границата меѓу Македонија и Србија ќе стартува дури во 2023 година.

Возот „Хелас експрес“ беше воведен на 15 јуни годинава, како поевтина можност за патување кон Солун и Белград за македонските граѓани. До 16 септември, возот ќе продолжи да сообраќа од Скопје кон Солун во 4:45 часот наутро, додека од Скопје за Белград ќе поаѓа во 22:19 часот.

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради...