fbpx

Макрон се сретна со Путин, ќе разговараат за Украина и за Сирија

-

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во Париз се сретна со новиот француски претседател, Емануел Макрон.

Макрон го повика Путин да учествува на инагурациската изложба, која во Париз се одржува по повод 300-годишнината од дипломатската посета на Петар Велики на Франција во 1717 година.

– Ја почитувам Русија, а претседателот Владимир Путин го повикав во рамки на одбележувањето на 300-годишнината од нашите дипломатски односи – рече Макрон непосредно пред доаѓањето на рускиот претседател.

Макрон, кој за време на кампањата имаше критичен став кон Русија, рече дека дијалогот со официјална Москва е важен во процесот на решавање на меѓународните проблеми, истакнувајќи ги случаите со Украина и со Сирија. Токму за овие теми, како и за борбата против тероризмот, ќе се разговара на денешната средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...