Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид, на НАТО самитот соопшти оти смета дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка на Северна Македонија, која ја вклучува и Бугарија, јави Ројтерс.
„Мислам дека најдовме компромисно решение“, порача тој на прес-конференција во Мадрид.
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел по прес-конференцијата на францускиот претседател Макрон преку својот Твитер-профил го поздрави решението постигнато од француското претседателство за договор што ќе поплоча пат за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.
„Решението дава соодветен одговор за искажаните грижи. Најблиску сме од кога било досега: Сега е време да се каже да“, вели претседателот на Европскиот Совет.
Welcome @Europe2022FR solution for an agreement that would pave the way for opening of EU accession talks with North Macedonia.
The solution addresses concerns expressed.
We are the closest we have ever been: now is the time to say yes.
— Charles Michel (@CharlesMichel) June 30, 2022
Според информации на Дојче Веле, во Мадрид разговарале двајцата министри за надворешни работи на Бугарија и Македонија, Теодора Генчовска и Бујар Османи.
Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.
Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка. Во нив се регулира темпото на работа на Мешовитата комисија за историски прашања.