fbpx

Макрон: Го одбивам секое проширување, пред да се спроведе длабока реформа во ЕУ

-

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше отсуството на договор во рамките на ЕУ за распределбата на водечките функции во Европската унија и повторно повика на институционални реформи во неа.

„Мораме да ги поедноставиме процедурите за да бидеме побрзи, посилни и заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во нејзиното проширување, во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Го одбивам секое проширување пред да биде спроведена длабока институционална реформа во ЕУ“, порача Макрон.

Според него, поделбите се од политичка природа меѓу Европската народна партија, но и во географски рамки на Советот, и оттука никој не може да биде задоволен со резултатот по неколку часа преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...