Од утре Македонското еколошко друштво ќе објавува куси информативни објави и работни вежби на повеќе теми. Секоја среда ќе споредулваат нови теми со интерактивни задачи согласно одделението.

„Во обид да придонесеме кон онлајн образованието во следниот период ќе почнеме бесплатно да ги споделуваме со сите наши едукативни материјали. Целта на овие содржини е да се запознаеме со дивиот свет и животната средина, да ги продлабочиме вашите знаења на темата, но и да поттикнеме поинаква љубов кон прирордата“ – велат од Македонското еколошко друштво.

Како што информираат од МЕД, средите ќе бидат резервирани за содржини за рисот, а ќе опфатат повеќе теми што ги отсликуваат животот на овој редок грабливец и заканите за неговиот опстанок.