Македонските компании трпат огромни загуби поради штрајкот на солунското пристаниште

-

Македонските компании трпат големи штети поради блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун.

Според анкетата направена на 650 компании од страна на Стопанската комора на Македонија, штетни последици трпи целото стопанство, без разлика дали дел од нив непосредно го користат транспортниот коридор-10 или пристаништето во Солун.

Компаниите имаат зголемени трошоци поради кумулирање на трошоците за лежарина на стоките и на контејнерите, имаат дополнителни давачки за пристанишни услуги доколку стоката при увоз и при извоз се преупатува преку други пристаништа како Волос, Пиреја и Патра.

– За преземање на контејнерите за увоз од пристаништата Пиреја и Волос минималните дополнителни трошоци изнесуваат околу 800 евра по контејнер, во кои не влегува регуларната цена што е пресметана доколку контејнерите се товараат од Солун. Пристанишните трошоци во Пиреја и во Волос од самиот почеток се осетно повисоки во однос на трошоците во Солун и тоа за 120-180 евра – изјави извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

Македонските компании, исто така, плаќаат високи пенали поради доцнење на договорените испораки. Се создава притисок врз ликвидноста за навремено намирување на финансиските обврски кон партнерите за редовно испорачаната суровина.

– Компаниите имаат непредвидени трошоци за купување дополнителни количества суровини од други партнери по повисоки цени, за запазување на роковите за испорака на производите и за задржување на традиционалните партнери – додава Георгиева.

Компаниите, покрај тоа, имаат трошоци поради оштетување на производите при претоварање, се губи квалитетот на одредени производи и има штета врз лесно расипливата стока. Тие се соочуваат и со откажување на веќе договорените деловни зделки од страна на партнерите поради намален кватитет и непочитување на договорите.

Според менаџерот на компанијата „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска, поради ваквата состојба македонските компании ќе се најдат на дното на листата на доставувачи поради неможноста навреме да ги достават порачките и да ги исполнат договорите.

За ваквата ситуација се алармирани сите надлежни институции, како и постојниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...