fbpx

Македонските дипломати на протест во 12.05 часот

-

Mакедонските дипломати, денеска во 12.05 часот ќе одржат предупредувачки протест против, како што велат, целосната дерогација на основните функции и деградацијата на Министерството за надворешни работи.

Протестот ќе се одржи пред МНР, во симболично време, пет минути по пладне, кога ќе бидат претставени и барањата на Синдикатот за репрофесионализација на дипломатската служба.

„Најитно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање на сила на оригинерниот текст на ЗНР од 2006 година за нормализирање на состојбите во МНР и за реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година и враќање на Законот за државни службеници од 2000 година во неговата оригинерна форма, за избегнување целосна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата“, велат од Синдикатот на дипломатската служба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...