Македонскиот стрип на балканска смотра во Лесковац, од 25 до 27 јуни

фото: СЦМ

Од 25 до 27 јуни во Лесковац, соседна Србија, ќе се организира традиционалната 23. Балканска смотра на млади стрип автори, една од најреномираните и највлијателни вакви манифестации на Балканот и пошироко. Годинава оваа смотра се одвива во склоп на проектот КАН (Comic alliance Networking) For Balkans – финансиран од страна на програмата Креативна Европа-подпрограма за култура на ЕУ.

Носител на овој неколкугодишен проект е Музејот на историјата во округот Брашов-Романија, а освен училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“ од Лесковац. Дел од проектот се и Стрип центар на Македонија – Велес (СЦМ), Белгискиот стрип центар од Брисел и Државниот историски музеј од Тирана од Албанија, соопштуват од СЦМ.

Според Томе Трајков, програм координатор во СЦМ, овој проект тежи кон вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји, како и кон афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај, националната историја.

На смотрата во Лесковац освен персоналот на Стрип центарот од Велес, ќе присуствуваат и македонските стрип автори: Ласко Џуровски, Емилија и Стојче Тоциновски, како и Томи Џуровски. Тие ќе присуствуваат на бројни презентации, дебати, изложби, а ќе бидат прогласени и најдобрите според традиционалниот објавен конкурс.