Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас постигна гол за Наполи во натпреварот против Венеција

Фото: Wesley Tingey on Unsplash

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас постигна гол за Наполи во натпреварот против Венеција (2-0).

Елмас голот го постигна во 73-та минута од натпреварот и изјави дека освен што е среќен за погодокот, најважна му е победата на тимот.

„Одигравме тежок натпревар, но Спалети ми влева голема самодоверба. Во овој клуб веќе сум трета сезона и затоа сакам да покажам многу повеќе на терен. Во овој тим има фудбалери кои станаа европски шампиони, а јас сакам да сум повеќе на терен и да покажам што знам. Се надевам дека ќе ја имам таа шанса“, рече Елмас.