fbpx

Македонскиот пазар „гладен“ за девизи

-

Во периодот октомври-ноември 2018 година, на девизниот пазар на банките е остварена нето-продажба на девизи од 44 милиони евра, што е повеќе за 11,8 милиони евра од истиот период од претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Оттаму информираат дека ваквата годишна промена во најголем дел се должи на повисокиот пораст на побарувачката во однос на понудата на девизи.

„Секторската анализа покажува дека ваквите поместувања во поголем дел произлегуваат од понискиот нето-откуп од нерезидентите, како и повисоката нето-продажба на фирмите. Во спротивна насока, но во помал обем, делуваше повисокиот нето-откуп од менувачниците и физичките лица“, велат од НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контроверзниот Милан Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападот кај Бањска

Контроверзниот бизнисмен Милан Радоичиќ, кој беше осомничен од косовската полиција за оружениот инцидент кај селото Бањска, денеска ја презеде одговорноста за нападот врз косовската полиција, пренесува Радио Слободна Европа....