fbpx

Македонскиот амбасадор во Атина на средба во грчкото МНР

-

Новиот македонски амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, денеска оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Куркулас. Првата средба на двајцата дипломати беше, главно, можност за запознавање и за дискусија за можноста за интензивирање на соработката меѓу двете држави.

Средбата била протоколарна и поминала во добра клима.

Ангелов доаѓа во Атина од Будимпешта, каде беше прв човек во македонската амбасада во Унгарија и како наследник на претходниот амбасадор и шеф на македонската канцеларија за врски, Сашко Стефков.

Новиот македонски амбасадор во Атина доаѓа во интересен период на можен пресврт на политичката сцена, политички турбуленции поради изборите и голема поларизација помеѓу политичките партии, што дополнително го стеснува просторот на можности и волја на грчките политички лидери да се зафатат со решавање на спорот за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...