fbpx

Македонскиот јавен долг достигна рекордни 5,4 милијарди евра

-

Јавниот долг на нашата земја заклучно со третото тримесечје од годинава достигна 5,4 милијарди евра или 48,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што е највисоко ниво од осамостојувањето на државата.

Според податоците на Министерството за финансии, на крајот на 2018 година јавниот долг изнесувал 5,2 милијарди евра. Математиката покажува дека за девет месеци долгот се зголемил за 200 милиони евра.

Јавниот долг е дефиниран со Законот за јавен долг според кој тој претставува збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, Градот Скопје, како и трговските друштва коишто се во целосна или во претежна сопственост на државата или на општините и Градот Скопје за кои државата има издадено државна гаранција.

Според новата фискална стратегија за периодот 2020-2022 година се очекува зголемување, па постепено намалување на јавниот долг.

„Во услови на умерено зголемување на гарантираниот долг до 2021 година заради имплементација на проектите главно во патната инфраструктура со заеми гарантирани од државата и негово намалување во 2022 година, се очекува умерено зголемување на вкупниот јавен долг до 52,3 отсто од БДП во 2020 година, и потоа намалување на 50,8 отсто од БДП во 2021 година и 49,1 отсто од БДП во 2022 година“, пишува во стратегијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...