Од денеска до 30 јануари, делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Во состав на македонската делегација се шефот на делегацијата, Александар Николоски, и пратениците Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев.

Главните теми на зимската сесија ќе бидат итната дебата по терористичките напади во Париз, дебатата за заштита на слободата на медиумите во Европа, како и хуманитарната ситуација во Украина.