fbpx

Македонски интелектуалци ниту на сон не би побарале Софија да му поставува услови на Скопје

-

„Македонски учени настояват София да постави условия на Скопие преди подкрепата за ЕС“ (Македонски интелектуалци настојуваат Софија да постави услови на Скопје пред поддршката за ЕУ) беше насловот со кој во вторникот вечерта бугарскиот новински сајт „actualno.com“ го пласираше текстот за една од вестите на денот во Бугарија – дека „Македонскиот научен институт“ од Софија изнел осум задолжителни услови што официјална Софија треба да му ги постави на Скопје како услов за поддршка од Бугарија.

Насловот, со споменувањето на „македонски интелектуалци“ е целосно заведувачки и погрешен, а претпоставуваме дека е тоа направено најмногу поради clickbait намери, односно со екстремно провокативни формулации да се привлечат читателите да ја отворат содржината и да ја прочитат, со што сајтот ќе добие многу кликови, што пак ќе им донесе повеќе приходи од реклами.

Во изминатиот период од најмалку две години, откако е потпишан Договорот за добрососедство со Бугарија, без исклучок, кога бугарските медиуми ја употребуваа конструкцијата „македонски учени“, тоа го правеа за историчарите на земјава.Токму затоа, насловот на „actualno.com“ е измамнички за бугарските читатели, оти првата асоцијација и кај нив би била дека интелектуалци од Северна Македонија кои се со бугарска самосвест се собрале и јавно побарале Бугарија да поставува услови на Македонија, што секако би ја разбудило љубопитноста кај оние што ќе го видат насловот, да ја отворат веста за да видат кои се имињата.

Дополнително, во случаи кога претходно луѓе со бугарска самосвест имале некакви барања или обраќања до јавноста, во Бугарија во најголемиот број случаи во насловите биле именувани како „Македонски Бугари“ или „Бугари од Македонија“.

„Македонскиот научен институт“, инаку, е институција формирана во 1923 година, за проучување на Македонија од многу аспекти, но со основна премиса за бугарски национален идентитет на словенското население на просторите на денешна Македонија, дел од Албанија и северна Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...