fbpx

Македонски државјанин пронајден мртов во Софија

-

Македонски државјанин викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот Стојан Спасов од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија.

Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и дека се во комуникација со надлежните органи во соседна Бугарија.

„Известуваме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот. Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата“, велат преку соопштение од МНР.

Од МНР додаваат дека за деталите на случајот ќе известат дополнително.

Претходно, на социјалните мрежи се ширеше фотографија од сега починатото момче, за кое пишува дека извесен период работел и престојувал во Бугарија. Причините за смртта на 26-додишниот Виничанец засега се непознати, а од МВР на Бугарија за „Слободен печат“ изјавиле дека телото на починатиот е на обдукција и се чека став на Јавното обвинителство во Софија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course
download coolpad firmware
Download WordPress Themes Free
online free course