Македонски државјанин бил уапсен во вторник вечерта на граничниот премин Евзон, којшто бил баран од германските органи за спроведување на законот за учество во грабеж, проследен со убиство врз старец, што се случило минатиот февруари во мал град во сојузната покраина Хесен, жртвата била 81-годишен маж, пренесува Грчкиот Катхимирини.
Медиумот пренесува дека 34-годишниот македонски државјанин имал издадена европска потерница. Се чини дека уапсениот влегол на грчка територија преку истоимениот граничен премин.
Според документите на германското обвинителство, 34-годишникот наводно патувал во Германија за деловни цели. Постарата жртва изнајмувала соби, каде што неколку од тие соби била издавани на македонскиот граѓанин и неговите соработници.
Злосторството се случило на 9 февруари, при што сторителите му ја врзале устата на жртвата, извршиле целосна кражба на неговиот дом, и според документите на германските обвинители, 81-годишната жртва починала од задушување.
Македонскиот граѓанин е однесен во Апелациониот суд во Солун за да започнат постапките за негова екстрадиција во Германија. Пред судиите на Апелациониот совет, 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посетува во грчки затвор. Судот го отфрлил неговото барање