Во Дортмунд, Германија, 30-годишна жена била убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин. Tој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца, соопштуваат германските медиуми.
По нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја повикале полицијата.
Жртвата неодамна се преселила со своите деца во нов дом во Дортмунд за да се заштити од партнерот.
Полицијата го уапсила осомничениот на автопат во Вирцбург, додека бегал кон Македонија и моментално е во притвор.
Децата биле згрижени од социјалните служби и примиле медицинска помош во детска клиника.