Српски цариници при контрола на возило марка „фолксваген пасат“, со кое управувал македонски државјанин, пронашле големо количество девизи и златен накит, јавуваат српските медиуми.
Возилото било пријавено за влез во Србија, а парите и златото биле пронајдени сокриени кај менувачот на автомобилот.
Според првичните информации, станува збор за сума од 99.000 евра и за 47 пакети со злато, кое сè уште не било измерено.
Засега нема информации за идентитетот на македонскиот државјанин.