fbpx

Македонски автори може да престојуваат еден месец во некоја од земјите во регионот

-

Писатели, поети, стрип артисти, драматурзи, поети, илустратори и графички дизајнери од земјава имаат можност извесно време да престојуваат во некоја од земјите во регионот. Ова им е овозможено преку регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД)“, кој е финансиран од Европската Унија, а во рамки на кој е објавен повик за резиденцијален престој.

Земјите во кои ќе се престојува се Македонија, Турција, Србија, Косово или Албанија. Авторите би добиле можност да ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела од наведените земји.

„Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земја, а престојот на авторот е еден месец. Повикот е отворен од 1 март, а ќе трае до 30 март“, информираат одговорните на проектот.

Отворениот повик е објавен на англиски јазик, бидејќи тоа е официјалниот јазик на резиденцијалната програма. Повеќе информации во врска со отворениот повик за апликации, има на овој линк.

Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download coolpad firmware
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download