fbpx

Македонската влада ќе забрани увоз на нафта од Русија поради воената агресија врз Украина

-

Македонската влада ќе ги следи политиките на ЕУ и ќе воведе забрана за увоз на руска нафта во земјава, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши по најновата одлука на Европската Комисија да забрани увоз на руско дизел гориво.

Во одговор на новинарско прашање за тоа колкаво количество на руска нафта се увезува во земјава, министерот Бектеши одговори:

„Согласно податоците што ги добиваме од Регулаторната комисија за енергетика во делот на потрошувачката и во делот на компаниите кои имаат лиценца за трговија и на големо и на мало во нашата држава, последните неколку години не повеќе од 20% е користена нафта која доаѓа од руски рафинерии, главно од една компанија која има и бензиски пумпи во нашата држава“, изјави министерот за економија.

Бектеши додава дека забраната за увоз на руска нафта во земјава нема да има големо влијание во делот на снабдувањето со горива и го повтори ставот на владата во однос на санкциите кон Русија дека политиката е генерално да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската Комисија и нашите стратешки партнери и таквите мерки ќе продолжат.

Tој очекува во претстојниот период Министерството за надворешни работи да ѝ предложи на владата да се донесе одлуката за забрана за увоз на руска нафта за да се следи одлуката за санкции на Европската Комисија.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, Европската Унија воведе серија на санкции кон Русија. Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен пред неколку дена вети најнов, десетти по ред пакет санкции против Русија, при што најави дека до 24 февруари годинава ЕУ заедно со земјите од Г-7 ќе воведат дополнително ограничување на цената на руската нафта.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
online free course
download intex firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course