fbpx

Македонската полиција приведе 28 новинари поради нелегално преминување на границата

-

Мариана Каркулаки, новинарка која ја покрива бегалската криза во Грција на својот „Твитер“ профил соопшти дека фоторепортерот Димитрис Тосидис и уште 30 други новинари и активисти биле уапсени од македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница.

„ИТНО: фоторепортерот Димитрис Тосидис е уапсен од страна на македонската армија, како за време на нивното известување од преминувањето на бегалците. Повеќе од 30 новинари и активисти се уапсени, но Димитрис Тосидис известува дека сите се во ред. Тие треба да платат казна од 250 евра“, пишува Каркулаки на својот „Твитер“ профил.

Грчките медиуми пишуваат дека се уапсени околу десетина грчки новинари и фоторепортери, а меѓу нив е и фоторепортерот на грчката новинска агенција АПЕ, Јанис Колесидис.

Од МВР потврдуваат дека македонската полиција привела 28 новинари и фоторепортери, поради илегално преминување на границата заедно со бегалците. МВР за сега нема информација од кои новински куќи и од кои земји се приведените новинари и фоторепортери.

– Станува збор за прекршочно дело, а кога ќе бидат пуштени и однесени кај судија за прекршочна постапка ќе имаме информации во текот на утрешниот ден – велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...