Македонската кантерстрајк репрезентација стана европски шампион освојувајќи ја титулата на Европското првенство во играта „Кантерстрајк“, откако во финалето го победи тимот на Украина со 2:1. Победничкиот тим беше составен од Јане „aidKiT” Апостолоски, Дамјан „kyxsan” Стоилковски, Павле „stYleEeZ” Стојановски, Александар „CacaNito” Ќулукоски и Даниел „dan1” Глигоров. Нашата кантер страјк репрезентација е најдобра и на светско ниво, а тоа го докажа лани откако ја победи Романија.
Како што информираа од Македонската е-спорт федерација, натпреварот за првото место следуваше откако завчера националниот тим со резултат 2:1 ја победи српската репрезентација и се пласираше во финалето.
Европското првенство се одржа во романскиот град Орадеа.