fbpx

Македонската алијанса со јавен повик за поддршка на Македонците од Голо Брдо

-

Во врска со незавидната положба во која се наоѓаат Македонците од Голо Брдо и од Гора, завеани од снежното невреме и целосно заборавени од локалната и од централната власт на Албанија, со јавен повик се огласи и Македонската алијанса.

– Во овие целосно запоставени региони во Албанија, живеат околу 30.000 Македонци кои во овие поларни студови се соочуваат со недостиг од електрична енергија, непроодност на патиштата и со намалени резерви на лекови во амбулантите. Страшно е сознанието дека локалните власти на Либражд, Булќиза и на Кукс, каде по неправедната територијална организација од 2015година припаднаа Голо Брдо и Гора, и во вакво снежно невреме не покажуваат агилност да им помогнат на нашите браќа и сестри Македонци – се вели во јавниот повик.

Од алијансата сметаат дека незаинтересираноста на централната и на локалната власт на Албанија да им помогне на завеаните Голо Брдо и Гора е многу повеќе политички проблем отколку неспособност на нивните институции.

Оттаму додаваат дека „кога може Еди Рама да се меша во внатрешни прашања со образложение дека се грижи за Албанците што живееле во Македонија, тогаш можеме и ние да покажеме грижа за Македонците што живеат во Албанија“.

За состојбата со Македонците во Голо Брдо вчера реагираше и македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...