fbpx

Македонска работа: Немаме регулатива за справување со контаминирани подрачја

-

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува измени на Законот за животната средина. Во објавата преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) од Министерството велат дека главен проблем поради кој се пристапува кон измени и дополнување на Законот за животната средина е непостоење одредби во законот со кој се дефинира, идентификува и управува контаминирано подрачје на кое што е утврдено загадување на животната средина, при што сериозноста од можните влијанија на животната средина и здравјето на луѓето е со такво значење што е неопходна ремедијација на истото.

„Исто така, врз основа на досегашното спроведување на одредбите од законот со кои се пропишува спроведувањето на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење се увиде потребата од допрецизирање на одредбите во законот со кои се уредува ова прашање. Дополнително, утврдена е потребата и за допрецизирање и доуредување на делот за надоместоци за животната средина за поефикасна наплата, како и стимулирање на поеколошко однесување“, велат од Министерството.

Како главни цели на новиот закон се наведени дефинирање, воспоставување на систем за идентификување и управување со контаминираните подрачја заради надминување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, подобрување и унапредување на постапката за спроведување на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење и појаснување и допрецизирање на одредбите за надоместоците за животна средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...