fbpx

„Македонска фабрика“ за лажни вести украде Фејсбук-страница од „Ветераните за Трамп“

-

Со ветување за приходи од по неколку десетици илјади долари месечно, Македонец што се претставил како Андреј Спасовски, успеал да го убеди главниот администратор на популарната Фејсбук-страница „Vets for Trump“ („Ветераните за Трамп“), која ја следеле околу 100.000 корисници, да му даде администраторски пристап, односно на неговата фејсбук-страница Ad Break. Откако тоа го направил, Спасовски го тргнал дотогашниот главен администратор Џошуа Месиас и уште неколку администратори и фактички ја презел страницата, која почнал да ја полни со содржини што самиот ги избирал, пишува весникот „Вашингтон Пост“.

Битката на администраторите да ја вратат контролата врз страницата траела со месеци, како што велат тие „благодарение на Фејсбук“, кој не одговорил на нивните барања за помош. Во времето кога тие немаат контрола, во април годинава, страницата преминува во рацете на велешанецот Панче Арсов, еден од двајцата браќа што станаа сензација во светот како луѓето што стојат зад најголемиот број веб-сајтови и Фејсбук страници што пласираа многу вести, од кои најголем број лажни, во текот на претседателската кампања за изборите во САД во 2016 година. Речиси сите тие вести беа во прилог на Доналд Трамп, кој потоа победи на изборите.

Претходните администратори на страницата, кои признаваат дека проблемот се случил поради наивноста на главниот администратор Месиас, објаснуваа дека и покрај многуте обиди и „празна“ комуникација“ , односно многу пораки испратени до „Фејсбук“, успеале да добијат одговор дури во јули, и тоа откако напишале порака како наводно заинтересирани да купат реклами.

– Пишував писма до Фејсбук, велејќи „Имам проблем, имам проблем, имам проблем“. Ситуацијата лесно можеше да се избегне ако Фејсбук ме послушаше – објаснува за „Вашингтон Пост“ Влад Лемец, воен ветеран од САД, еден од администраторите на страницата.

Од Фејсбук, пак, велат дека одговориле на една порака уште во април, но Џошуа Месиас, тврди дека тоа било автоматски одговор на порака од друга страница што ја основал во меѓувреме. Вели дека му пратиле потврда дека пораката е примена и заведена по 16-цифрен број. Но објаснува дека не добил никаква порака потоа.

Откако човекот што успеал да ја украде„Vets for Trump“, тој не направил никакви видливи промени на страницата, со која би ставил до знање дека со неа не управуваат дотогашните сопственици, но набргу почнал да објавува содржини многу слични на содржините на „велешките“ сајтови и Фејсбук-страници во текот на претседателската кампања во САД во 2015 и 2016 година.

На конзервативната страница по преземањето, сепак, се пласирале и содржини во истиот дух како и претходно, но набргу новиот администратор почнал да бара и донации. Посочувал да се уплаќаат на ПејПал сметка која била регистрирана на еден од велешките сајтови – фабрики за лажни вести.

Освен дотогашните администратори, дека нешто се случило со страницата знаел и основачот на страницата, исто така ветеран и конзервативец, Томас Дилингам, кој на своја рака почнал да истражува кој стои во моментот зад страницата. Тој со „Вашингтон Пост“ споделил и делови од неговата комуникација со Панче Арсов, во која тој му кажал дека страницата ја купил од претходниот сопственик во април.

Потоа тој и Лемец ја продолжиле битката за враќање на страницата, и првиот одговор што влеал надеж стасал дури во јули годинава, а конечното враќање на контролата Фејсбук ја направил дури во средината на август.

„Сагата со фејсбук групата (Vets for Trump) e студиски случај за тоа како дезинформаците и политичкиот активизам можат да се помешаат и како линијата помеѓу домашната и странската пропаганда може да се помати во онлајн светот каде што профилите на социјалните мрежи можат да бидат купувани, продавани, дури и хакнати. Борбата со дезинформациите би можела да стане уште потешка пред изборите бидејќи Фејсбук ги проширува своите приватни „групи“, кои се помалку транспарентни од „страниците“, како што се Ветс за Трамп. “Вашингтон Пост” пишува за опасноста која следи на следните претседателски избори во 2020,” пишува во сторијата на весникот, кој сепак успеал да направи две сериозни грешки.

Како што напиша весникот, првин земјава ја напишале како „Македонија“, а потоа смениле во Северна Македонија, но најлошото е што и ја опишале како „балтичка“, наместо „балканска“ земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...