fbpx

Македонска црковна и државна делегација презеде Благодатен оган во Ерусалим

-

Државна делегација на Република Северна Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Светиот Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА., соопшти Владата.

Ова е првпат претставник на МПЦ-ОА да го преземе директно Благодатниот оган во Ерусалим. Претходно Благодатниот оган пристигнуваше во Македонија како дар од претставници на други православни цркви.

Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.

На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, присуствуваат голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, присуствуваат претставници на македонска државна и македонска црковна делегација.

Чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение.

Благодатниот оган се појавува сам од себе и го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат.
Се случува во Ерусалим речиси 2.000 години.

Македонската државна и црковна делегација по завршувањето на свечената церемонија се враќаaт во Скопје, пренесувајки го во фенер Благодатниот оган од Ерусалим.

На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација е предвидено, со почести да ги пречекаaт претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и свечената црковна делегација на МПЦ-ОА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...