fbpx

Македонка доби уште една пресуда во Стразбур

-

Македонската држава ќе треба да ѝ плати 5.000 евра отштета и 300 евра судски трошоци на 39-годишната Марина Илиевска од Крива Паланка, која во 2009 година била жртва на полициска бруталност кога нејзиниот сопруг побарал таа да биде пренесена во психијатриска клиника во Скопје, одлучи денеска Судот за човекови права во Стразбур.

На барање на нејзиниот сопруг и на двајца доктори од Крива Паланка (докторите Ц.Т. и М.Г.), Илиевска била пренесена во психијатриска клиника во Скопје со амбулантно возило, поради тоа што сметале дека таа била анксиозна и растревожена.

Марина Илиевска не сакала да оди во болница, но полициски службеници насила ја влечеле, ја одвоиле од нејзините деца и ја турнале во амбулантното возило. Таа поминала 110 километри во лисици додека полицајците ја тепале и седеле на нејзините нозе за да не смее да мрдне. Полицајците се бранеле пред судот дека не употребиле прекумерна сила и дека само ја спречувале да не си нанесе повреди самата себеси или на другите.

Во Скопје, по неколку дена била пуштена од болницата, на барање на нејзиниот сопруг, без никој да ја прегледа. Кога се вратила во Крива Паланка, таа била примена во болница каде докторите констатирале разни повреди, најверојатно предизвикани од тепањето. Следната година, во 2010 година, Илиевска поднела тужба против докторот Ц.Т, против медицинската сестра што ја придружувала во амбулантното возило и против полициските службеници, но тие биле ослободени, а одлуката била потврдена и во Апелацискиот суд.

Судот за човекови права смета дека во случајот на Марина Илиевска има повреда на членот 3 на Европската конвенција за човекови права (понижувачко постапување), поради тоа што била врзана со лисици во текот на патувањето од Крива Паланка до Скопје. Државата на Марина Илиевска ѝ должи вкупно 5.300 евра за измачувањето.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...