fbpx

Македонија се искачи за две места погоре на листата на Глобалниот иновациски индекс

-

Државата годинава се искачи за две места погоре во однос на лани, на листата земји кои вложуваат во иновации и иновациска структура што резултира во економски напредок, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за 2020 година.

Фондот за иновации и технолошки развој информира дека во Глобалниот извештај кој рангира 130 држави во светот во однос на иновативните перформанси по 80 различни параметри, Македонија е на 57 место, што претставува значителен напредок и се должи, во значајна мера, на вложувањата во микро, мали и средни претпријатија од страна на Владата и Фондот за иновации и технолошки развој во изминатите три години.

„Оваа година државата има голем напредок и во однос на зголемен степен на инвестиции во иновации од страна на домашните институции каде е рангирана на 46-то место што е за шест места повеќе од минатата година, а особено повисоко во споредба со 2018 кога беше на 71-во место. Во однос на постигнатите резултати од иновациите, земјата го задржа 63-то место, како и во 2019 година, односно 30 места повисоко од рангирањето во 2018.  Напредок во однос на минатата година има кај индикаторите за квалитет ISO 9001 (ранг: 22) и високо- и средно-високи технолошки производи (21), а значаен успех има и во однос на еколошка оддржливост (17), бизнис климата (30) и заштита на интелектуална сопственост (23),“ информираат од ФИТР.

Во однос на препораките се наведува дека земјата треба да вложи повеќе во образование, подобрување на образовниот систем, како и зголемување на соработката помеѓу бизнис секторот и академската заедница, што е оценета на многу ниско ниво. Дополнително, извештајот посочува на потребата од поголеми вложувања во човечки ресурси и истражувања, во кои се очекува зголемен ангажман на Владата, а за кои ФИТР веќе развива посебни инструменти и програми за поддршка.

Швајцарија и годинава е на прво место, според анализата на ГИИ, а меѓу првите пет се и Шведска, САД, Велика Британија и Холандија, додека на дното се Гвинеја и Јемен.

Извештајот на Глобалниот иновациски индекс на иновации се објавува 13 години по ред од страна на Светската организација за интелектуална сопственост, во партнерство со бизнис школата Инсед и Универзитетот Корнел од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...