Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Членството во НАТО беше резултат на долготраен и сложен процес на реформи, дипломатски напори и исполнување на стандардите за колективна безбедност

-

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Членството во НАТО беше резултат на долготраен и сложен процес на реформи, дипломатски напори и исполнување на стандардите за колективна безбедност.

Финализирањето на процесот на пристапување беше означено со депонирање на инструментот за пристапување во Вашингтон, по што македонското државно знаме беше официјално подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел.

Од зачленувањето во НАТО, државата активно учествува во мисиите и иницијативите на Алијансата, придонесувајќи кон заедничката безбедност и стабилност на евроатлантскиот простор.

Патот кон членството во НАТО беше трасиран по потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција во 2018 година, со кој беше надминат долгогодишниот спор околу името. По ратификацијата на договорот и промената на уставното име во „Република Северна Македонија“, државата доби покана за членство од НАТО во јули 2018 година, а пристапниот процес беше финализиран во март 2020.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...