fbpx

Македонија неделава на агендата на ЕУ

-

Македонија деновиве ќе биде присутна на европската агенда. Со очекуваниот заклучок кој треба да биде усвоен утре од министрите за надворешни работи, учеството на премиерот Груевски на состанок на Европската комисија посветен на транспортната политика во регионот и со третата рунда преговори помеѓу власта и опозицијата во Европарламентот, оваа недела ќе биде богата со случувања за земјата во ЕУ.

Премиерот Груевски утре ќе учествува на состанок организиран од еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, и од неговата колешка за транспорт, Виолета Булц, посветен на транспортната мрежа на Западниот Балкан. На состанокот ќе учествуваат сите шест премиери од регионот.

Истовремено, во Луксембург, министрите за надворешни работи на ЕУ се подготвуваат да усвојат критички заклучок за Македонија, во кој се изразува сериозна загриженост за политичката состојба во државата и се бара истрага за снимките што ги објавува опозицијата, дознава „Мета“.

Во текот на оваа недела, не е познато кој ден точно, ќе биде закажана и третата рунда преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Европскиот парламент на која, со помош на тројцата европски посредници, пратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, двете страни се обидуваат да најдат решение за излез од политичката криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...