fbpx

Македонија не искористила 400 од вкупно 660 милиони евра од фондовите ИПА1

-

Слабиот капацитет на државните институции, бизнис-секторот и на невладините организации, е причината поради која дури 400 милиони евра, од вкупно 660 милиони предвидени во фондовите од ИПА1-програмата на ЕУ наменети за Македонија, останале неискористени.

Овој изненадувачки податок е изнесен на годишната средба на механизмот ИПА2, во Охрид, на која учествува 160 граѓански организации и претставници на ЕУ, како и претставници на Владата на Република Македонија.

Како што истакнаа присутните, сега се прават напори за релокација на средствата од пропаднатите проекти во други сектори, а меѓу нереализираните се и неколку од капитално значење, како што е, на пример, проектот за колекторскиот систем за одвод и за прочистување на Охридското Езеро.

– Многу слаба е искористеноста и во компонентата 5 – ИПАРД, за рурален развој, каде што секоја година имало неискористен повраток на 14-15 милиони евра во буџетот на ЕУ – нагласува посебно Александар Колеќески од невладината „Евротинк“.

За подобрување на капацитетите и на искористеноста на претпристапните фондови од програмата ИПА2, во 2012 година почнат е процес на вмрежување на граѓанските организации чија цел е врз основа на искуствата од ИПА1-програмата да се создадат механизми кои на апликантите ќе им помогнат да креираат одржливи проекти што ќе ги задоволат строгите технички барања на ЕУ.

За периодот од 2014 до 2020 година се предвидени 660 милиони евра за осум области.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...