fbpx

Македонија на 39. место во светот за водење бизнис

-

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на најдобри земји за бизнис (The Best Countries for Business). Македонија се најде на 39. место, пред Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и БИХ. Словенија е на 20. место, САД се на 22. позиција, Австрија е на 28. место, Унгарија на 42. место, под редните броеви 44, 45 и 46 се Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора е на 49. позиција, Грција го има 50. место, Албанија е под реден број 69, БИХ е на 78. место, а соседна Србија е дури на 83. место.

На листата на „Форбс“ за најдобри земји за бизнис се вклучени 144 земји, подредени врз основа на 11 критериуми, меѓу кои се: право на имот, иновации, данок, технологија, корупција, слобода (лична, финансиска, пазарна), заштита и безбедност на инвеститорите.

Првите десет земји на оваа листа се Данска, Нов Зеланд, Норвешка, Ирска,
Шведска, Финска, Канада, Сингапур, Холандија и Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...