Според истражување спроведено од Еуроњуз, Македонија е една од земјите во која јавниот превоз е на најниско ниво и со најмал процент на задоволни граѓани.
Според статистиката, само 47% од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз во земјата. За споредба, полош јавен превоз од Македонија има само во Албанија и во некои градови на Италија. Статистиката покажува дека најдобар јавен превоз има во Австрија каде што 91% од граѓаните се задоволни.
По Австрија, која е на врвот, следуваат нордиските земји каде што најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло, Стокхолм, Копенхаген, каде над 80 отсто од граѓаните се задоволни. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.
Во најголем дел, жителите на главните градови имаат тенденција да имаат повисока перцепција за безбедноста во јавниот превоз, освен во Рим и во Анкара. Во Рим, на пример, помалку од половина од населението смета дека јавниот превоз е безбеден, а ако се види статистиката, тоа е земја со најлош јавен превоз.