fbpx

Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

-

Министерството за здравство информира дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Република Северна Македонија е меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година. Анализата на податоците покажува дека стапката на мртвородени деца се намалила од 10,8 мртвородени, на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година.

„Овој значаен напредок е резултат на континуираната соработка на Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација во изминатите три години, со што се овозможи значително унапредување на перинаталната грижа. Значаен придонес кон овој успех има и Комитетот за безбедно мајчинство во нашата земја. Според извештајот на УНИЦЕФ, нашата земја покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство потсетуваат дека изминатиот период токму во оваа сфера биле реализирани конкретни мерки за подобрување на условите во родилиштата во земјава, подобрување на системите за транспорт и обезбедување пристап и брз трансфер до одделенијата за неонатална интензивна нега во случај на компликации, а воедно е изработен и генерален (мастер) план за перинатална грижа до 2030 година, кој опфаќа планови за натамошно зајакнување на здравствениот систем и обезбедување најсовремени услуги за бремените жени и новороденчињата.

„Исто така, реализирани се бројни инвестиции за зајакнување на капацитетите со нова медицинска опрема и набавка на инкубатори за интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство и во клиничките болници во Штип, Тетово и Битола, како и набавка на CTG-апарати, друга медицинска опрема и комплетно реновирање на гинеколошките сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир. Воедно се унапредени условите за лекување и третман во поголем број на гинеколошките одделенија низ државата,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...